Дома Фудбал Италија Проблем за Интер: Лаутаро ќе мора да паузира

Проблем за Интер: Лаутаро ќе мора да паузира

Еден од најважните фудбалери на Интер, Лаутаро Мартинез ќе мора да паузира откако се повредил на натпреварот од Купот на Италија против Болоња.

Лаутаро против Болоња освен што се повреди и промаши пенал во регуларниот дел, а Интер беше елиминиран по продолженија.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Утрово на Аргентинецот му биле направени тестови кои покажале дека Лаутаро се здобил со истегнување на мускулот на адукторот. Неговата состојба поточно ќе биде проценета во следните денови кога ќе биде потврдено колку ќе паузира.

Како и да е извесно е дека Лаутаро нема да игра утре против Лече, но и на гостувањето кај Џенова на 29-ти декември. Очекувањата се дека би требало да се врати во натпреварите на почетокот на новата година. Интер на 6-ти јануари го очекува натпревар против Верона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул ќе го повлече бројот 20 во чест на Жота

Ливерпул информира дека дресот со број 20 во клубот ќе биде повлечен од употреба по трагич…