Дома Фудбал Лига на шампиони Проблем за Зидан: Без Куртоa против Сити?

Проблем за Зидан: Без Куртоa против Сити?

Реал Мадрид успеа да слави во „Ел Класико“ против Барселона, но потоа ја испушти предноста на табелата со поразот во мечот против Бетис вчера, а притоа тие го загубија и Тибо Куртоа, кој се повреди.

Белгиецот мечот го заврши со болки, па сега се шпекулира дека Куртоа би можел да отсуствува во следните две недели.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во тој период Реал игра против Еибар и ќе се соочи со Манчестер сити во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампиони во кој ќе се обиде да ја надополнат од првиот меч (1-2).

Зинедин Зидан на мечот нема да може да смета ниту на капитенот Серхио Рамос поради црвен картон, па Реал ќе има пеколна задача и без Куртоа да се пресмета против „граѓаните“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Победи за фаворитите во денешните натпревари во Лигата на шампионите

Вториот ден од програмата на Лигата на шампионите понуди неколку извонредно интересни натп…