Дома Фудбал Проблем во Барса: Човекот кој треба да го менува Меси го налутил Валверде?

Проблем во Барса: Човекот кој треба да го менува Меси го налутил Валверде?

Фудбалерите на Барселона вечерва пред своите навивачи во дербито на третото коло во Лигата на шампионите игра против стариот ривал Интер.

Каталонскиот клуб е фаворит во натпреварот на „Ноу Камп“, но во Интер се разбудија надежи поради нивната добра форма, но тоа што Каталонците не можат да сметаат на Лионел Меси.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Ернесто Валверде е во проблеми поради составот, односно тоа – кој ќе го замени Меси. Се очекуваше тоа да биде Дембеле, но работите се променија бидејќи шпанските медиуми пренесуваат дека тренерот на Барса е разочаран од однесувањето на францускиот фудбалер.

Каталонскиот „Спорт“ пренесува дека Валверде покажал незадоволство поради однесувањето на Дембеле. Наводно, стратегот е лут на фудбалерот поради неговиот пристап на натпреварите и тренинзите. Валверде смета дека однесувањето на Дембеле не е соодветно и поради тоа би можел да го пресели на трибините.

Во корист на Дембеле не оди и тоа што навивачите не се задоволни од неговите настапи. На натпреварот против Севиља токму Дембеле влезе на местото на Меси, но во финишот на натпреварот доби свирежи поради начинот на кој го одигра натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Говото: Се е спремно за потписот на Ван Дајк

Сите детали за новиот договор на Вирџил ван Дајк со Ливерпул се утврдени и документите се …