Дома Фудбал Пристигна најдобрата можна вест за фановите на Барселона!

Пристигна најдобрата можна вест за фановите на Барселона!

Најдобриот фудбалер на Барселона, Лео Меси денес потполно нормално тренираше и ќе конкурира за составот против Севиља.

Меси ги пропушти двата контролни натпревари со селекцијата на Аргентина против Италија и Шпанија, почувствува замор во ложата, но за среќа сега се чувствува добро.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Оваа вест ја потврди и Ернесто Валверде на денешната конференција за медиумите.

„Тој се чувствува многу добро, но не сакаме да направиме некој голем проблем. Ќе видиме се по денешниот тренинг. Свесни сме дека таквата болка после може да доведе до пукање на мускулот и тоа никако не го посакуваме“, истакна Валверде.

Меѓутоа, Меси нешто подоцна го одработи целиот тренинг без никакви проблеми и болки се најде на списокот играчи. Интересно е што се врати и закрепнатиот Семедо и Денис Суарез, кои два месеци веќе не одиграа ниту еден меч.

Останува единствено прашањето, дали Валверде ќе сака Меси дополнително да го одмори пред пеколниот април, бидејќи следува ЛШ, и двомечот со Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн во летото 2022 година потроши 150 милиони евра на осум засилувања, а денес ниту еден од нив не е во Минхен

Во летото 2022, во Минхен беа уверени дека направиле извонреден трансфер период, но сега е…