Дома Офсајд Принцот од Рим не простува: Тоти го изведе цел тим на вечера, Спалети остана дома

Принцот од Рим не простува: Тоти го изведе цел тим на вечера, Спалети остана дома

Франческо Тоти соопшти дека во недела против Џенова дефинитивно ќе го одигра својот последен натпревар за Рома, па во знак на благодарност го изведе целиот тим на „Римската волчица“ на вечера. Поточно, не баш сите, бидејќи тренерот Лучано Спалети не доби покана и си остана дома.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Како што пренесуваат италијанските медиуми, фудбалерите на Рома уживале во познатиот ресторан La Pergola, а на крајот од вечерта следеше и заедничка фотографија која Тоти ја објави на својот Твитер профил.

Принцот од Рим и Спалети веќе подолго време не се во добри односи, па искусниот фудбалски стручњак на долгогодишниот капитен на Рома му даваше шанса на терен само „на мали лажички“, а Тоти често влегуваше во игра во судиските надополнувања.

Останува да се види дали Франческо ќе одлучи да ја заврши играчката кариера во Рома или како 41-годишен фудбалер ќе облече дрес од некој друг клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Офсајд

Проверете

Барселона најде замена за Ханси Флик

Ханси Флик останува во Барселона до јуни 2028 година, а каталонскиот клуб веќе има план за…