Дома Фудбал Репрезентации Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Аргентина вработил човек да му ја брише потта 🎥

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Аргентина вработил човек да му ја брише потта 🎥

Натпреварувањето на Копа Америка се наближува кон својот крај, а Аргентина н 14. јули ќе се обиде да го одбрани трофејот освоен од последното издание. Противник на „Гаучосите“ ќе биде Колумбија која игра одличен турнир.

Но, аргентинската јавност овие денови освен настапот на фудбалерите зборува и за претседателот на Фудаблскиот сојуз на Аргентина, Клаудио Тапија.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Имено, Тапија од трибините го следеше полуфиналето против Канада кога во еден момент беше забележано дека тој има вработено човек да му ја брише потта од главата.

Навивачите се бесни и тврдат дека ваквиот потег е срамен во време кога многу жители на земјата едвај преживуваат.

„Се однесува како член на кралското семество“, „Само на Тапија му е потребен човек да му ја брише потта“, „Типична мафијашка сви*а која живее од парите на другите луѓе“…се само некои од коментарите на бесните Аргентинци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Анчелоти: Реал Мадрид е најголемиот клуб во историјата

Карло Анчелоти е еден од тренерите со најбогата историја и во својата кариера седеш на клу…