Лион на 17. март во реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите ќе брани 1:0 од првиот натпревар против Јувентус.
Сред епидемијата од коронавирусот под знак прашалник е дали овој натпревар ќе биде одигран. Според зборовите на претседателот на Лион, Жан-Мишел Аулас натпреварот ќе се игра во Тотино.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Јуве во неделата играше против Интер на својот стадион. Таму ќе играме. УЕФА ја почитува одлуката и законот на секоја земја. Одлуката за забрана на натпревари во Италија не се однесува на меѓународните натпреварувања и изгледа дека сега натпреварот е потврден“, изјави Аулас.
УЕФА е одлучна во својата намера натпреварите од Лигата на шампионите да продолжат да се играат. До сега не е одложен ниту еден натпревар од ова натпреварување, а каде што е проблематичо се игра без гледачи.