Дома Фудбал Претседателот на Ла Лига: Меси е важен за лигата, Роналдо и Нејмар – НЕ

Претседателот на Ла Лига: Меси е важен за лигата, Роналдо и Нејмар – НЕ

Барселона и Реал Мадрид водат битка како во своите редови да го донесат Бразилецот Нејмар.

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, го прокоментира можното враќање на Нејмар во Шпанија и изјави дека би бил среќен доколку тоа се случи.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Сепак, тој смета дека присуството на Бразилецот во лигата не би било толку важно колку што е важно на Лионел Меси.

„Да, би сакал Нејмар да се врати. Со своите квалитети тој е меѓу првите три играчи на светот. Би било важно за лигата ако дојде повторно, иако тоа не би било пресудно за шпанската лига.“ – изјави за Марка претседателот Тебас.

„Она што е најважно е да играме 10 месеци годишно со 20 клубови кои играат едни против други и ствараат страст и радост секој викенд за навивачите во Шпанија и ширум светот.“

„Нејмар не е важен елемент за лигата, дури ни Кристијано Роналдо не беше. Од друга страна, Лео Меси е важен елемент бидејќи тој е наследство на Ла Лига. “

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Селекторот на Франција за првпат се огласи по намалувањето на суспензијата на Погба

Селекторот на француската фудбалска репрезентација Дидие Дешам се огласи за првпат откако …