Дома Фудбал Претседателот на Барса откри кој ќе биде тренер следната сезона!

Претседателот на Барса откри кој ќе биде тренер следната сезона!

Барселона оваа сезона игра одлично и е лидер во Примера, а во последно време се погласни се шпекулациите дека тренерот Ернесто Валверде ќе го напушти клубот на крајот на сезоната.

На Валверде договорот му завршува на крајот на сезоната, и се уште не ставил потпис на нов договор, а тоа е доволен мотив за медиумите да почнат со шпекулации.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Меѓутоа, претседателот на Каталонците, Жозеп Марија Бартомеу изјави дека Валверде ќе остане тренер и наредната сезона.

„Не се сомневаме во неговите квалитети, набрзо ќе му понудиме нов договор. Валверде е паметен тренер, посветен, вистински човек за нас. Ќе ја предводи Барселона и во новата сезона“, изјави Бартомеу за каталонскиот „Спорт“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хет-трик на Рафиња: Барселона ја „попари“ Севиља (Видео)

Барселона забележа убедлива победа од 5-2 против Севиља на домашен терен во рамки на 28. к…