Дома Фудбал Претседателот на Атлетико: Роналдо нема 5 титули во ЛШ, туку само три!

Претседателот на Атлетико: Роналдо нема 5 титули во ЛШ, туку само три!

Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Серезо ја продолжи полемиката со Кристиано Роналдо и му одговори на Португалецот.

Кристиано Роналдо го носеше дресот на градскиот ривал на Атлетико, па очекувано имаше „посебен“ пречек во Мадрид на „Ванда Метрополитано’.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од почетокот до крајот Роналдо добиваше свирежи од домашната публика,, а тој им возврати така што им покажа пет прсти, алудирајќи дека пет пати ја освоил Лигата на шампиони.

Провокациите помеѓу Роналдо и навивачите на „јорганџиите“ не завршија на теренот, продолжување имаа и во микс зоната.

Роналдо во микс зоната не беше расположен да зборува со новинарите, но не заборави да испрати порака до оние кои го провоцираат.

„Јас имам пет титули во Лигата на шампионите, Атлетико ниту една“, кратко порача Роналдо и се упати кон излезот од микс зоната.

Денес пристигна одговор од Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Серезо, кој на поинаков начин ги брои трофеите на Португалецот.

„За мене Роналдо нема пет титули во ЛШ, туку три. Останатите две против Атлетико не ги освои тој. Кој ги освои? За тоа ќе зборуваме во следното интервју“, истакна Серезо.

Атлетико Мадрид синоќа со 2:0 го победи Јувентус и со голема предност ќе патува на реваншот во Торино.

„Нашата цел е да стигнеме до финалето на Лигата на шампиони. Но, патот е многу долг. Против Јувентус одигравме фантастичен натпревар, оптимисти сме за реваншот“, додаде претседателот на „јорганџиите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…