Дома Фудбал Лига на шампиони Пресметани шансите на екипите за новата сезона во Лигата на шампионите

Пресметани шансите на екипите за новата сезона во Лигата на шампионите

Откако беше извршен ждребот за новата сезона во Лигата на шампионите се појавија и првите статистики.

Статистичарите ги одредија шансите на клубовите, а најголеми му се даваат на Манчестер Сити и Пеп Гвардиола. По 10.000 симулации, дури во 98% од ситуациите Манчестер Сити се пласирал меѓу најдобрите 24 екипи во најелитното европско натпреварување. За да стигнат до најдобрите осум процентот бил 71%.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На второто место бил Баерн Минхен, па потоа: Интер, Реал Мадрид, Арсенал, Борусија Дортмунд, Барселона, Баер Леверкузен. Надвор од осумката која потенцијално би играла директно осминафинале следат: Аталанта, Милан, Штутгарт, Атлетико Мадрид, Ливерпул, Лајпциг, ПСЖ, ПСВ, Жирона, Јувентус, Астон Вила, Спортинг, Монако, Болоња, Бенфика, Лил на местата од 9. до 24.

Со најмали шанси е екипата на Слован Братислава, тука се и: Црвена Звезда, Динамо Загреб, Шахтјор, Јанг Бојс, Штурм, Спарта…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…