Дома Топ вести Пресврт: Погба потпишува нов договор со Манчестер Јунајтед

Пресврт: Погба потпишува нов договор со Манчестер Јунајтед

Веќе подолго време се шпекулира дека Пол Погба би можел да го напушти Манчестер Јунајтед и дека ја игра последната сезона на „Олд Трафорд“, но сега од Островот пристигнуваат поинакви информации.

Имено, шпанскиот фудбалски новинар и експерт Гиљем Балаг тврди дека Пол Погба ќе остане на „Олд Трафорд“, ќе стави потпис на нов договор и со тоа ќе стави крај на шпекулациите според кои тој е пред заминување од Манчестер Јунајтед.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Ова е желба на неговиот агент Мино Раиола, кој сметал дека сега не е вистински период Погба да го напушти Јунајтед, пред се заради проблемите кои ги имаше оваа сезона и честите повреди. 

„Погба изјавуваше дека сака да остане но и дека сака да си оди. Тој игра со сите кари но во моментов мислам дека играч како него повеќе ќе биде ценет во Јунајтед отколку во Реал. Мислам дека Јунајтед оди во правилна насока, стабилен и нема да има големи промени, Солскјер останува. Погба е признат меѓу играчите на Јунајтед како лидер и мислем дека ќе потпише нов договор. Со две три засилувања, Јунајтед ќе биде моќен, а Погба ќе добие шанса одново да блесне“, тврди новинарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Чаби Алонсо може да го замени Тен Хаг на „Олд Трафорд“

Eкипата на Манчестер Јунајтед има катастрофален почеток на сезона, па така на големо се на…