Дома Трансфер зона Пресврт: Навас потпиша нов договор со Реал Мадрид!

Пресврт: Навас потпиша нов договор со Реал Мадрид!

Иако на големо се шпекулираше дека ќе го напушти Реал Мадрид во зимскиот преоден рок, голманот Кејлор Навас се одлучи да потпише нов договор со „кралевите“.

Со доаѓањето на Куртоа, Навас падна во втор план и во неколку наврати јавно негодуваше дека не му се допаѓа статусот на резерва.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Поради тоа медиумите беа убедени дека ќе си замине од „Сантиаго Бернабеу“, но настана пресврт.

Имено, „Марка“ пренесува дека Навас се согласил на условите кои му ги понудил „кралскиот“ клуб и потпишал нов договор до 2021 година, а во следните денови се очекува официјализација на договорот.

После негодувањето и јавната закана дека сака да си замине, Реал му ги исполни условите и голманот потпиша нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…