Голманот на Рома, Миле Свилар се нашол на списокот на селекторот Драган Стојковиќ Пикси за претстојното Европско првенство.
Оваа вест ја пренесоа српските медиуми наведувајќи дека дошло до пресврт откако пред неколку месеци Свилар изјавил дека повеќе не сака да игра за српската фудбалска репрезентација и со тоа практично беше „отпишан“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, Фудбалскиот сојуз на Србија испратил до УЕФА поширок список на играчи на кои се во комбинација за ЕП, а на него бил и Свилар, додека конечниот список на патници мора да биде објавен најдоцна до 7 јуни.
Свилар сакаше да брани за Белгија, бидејќи сфати дека има мали шанси да игра за Србија во конкуренција на Вања Милинковиќ Савиќ, Предраг Рајковиќ и Ѓорѓе Петровиќ, но веќе еднаш го смени спортското државјанство и ФИФА не му дозволи да го направи повторно.
Во меѓувреме се наметна на голот на Рома и е еден од најдобрите голмани во Европа, па и во Србија веројатно го смениле мислењето за него.