Дома Фудбал Англија Пресврт во случајот: Заниоло нема да помине како Фаџоли и Тонали?

Пресврт во случајот: Заниоло нема да помине како Фаџоли и Тонали?

Италијанскиот репрезентативец и член на Астон Вила, Николо Заниоло би можел да избегне суспензија во скандалот со обложување.

Николо Фаџоли од Јувентус и Сандро Тонали веќе добија суспензии од по седум и десет месеци, но тоа може да не биде случај со Заниоло. Фудбалерот вчера се појави пред обвинителката Мануел Педрота каде што ја кажа својата страна.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во изјава медиумите неговите адвокати истакнаа дека Заниоло никогаш не се обложувал на фудбалски натпревари и за тоа не постојат докази.

„Нашиот клиент одговори на сите прашања и не избега од преговорите со обвинителот. Не постои ниту еден доказ дека се обложувал на фудбалски натпревари. Неговата единствена вина е што играл покер и блек џек преку нелегални платформи. Николо никогаш не бил цел на закани и изнуди на пари. Убедени сме дека наскоро сето ова ќе биде завршено“, објавија адвокатите на фудбалерот.

Според сегашната ситуација, Заниоло најверојатно ќе помине само со парична казна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…