Дома Фудбал Италија ПРЕСВРТ ВО МИЛАН: Гатузо заминува, доаѓа еден од најдобрите тренери!

ПРЕСВРТ ВО МИЛАН: Гатузо заминува, доаѓа еден од најдобрите тренери!

gatuso

До синоќешниот натпревар со Арсенал сите во Милан говореа дека Џенаро Гатузо е идеален тренер за „росонерите“, но сега ситуацијата се промени.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Милан на крајот на сезоната ќе донесе искусен и афирмиран тренер, а на врвот на листата е еден од надобрите италијански тренери.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Имено, „росонерите“ од следната сезона на кормилото го сакаат актуелниот тренер на Наполи, Маурицио Сари.

Договорот на Сари со Наполи истекува на крајот на сезоната и се уште нема потпишано нов, па Милан е спремен да ја искористи таквата ситуација.

Клупското раководство му нуди 4 милиони евра по сезона и се надева дека ќе го убеди Сари да се пресели во Милано.

Голема желба на „росонерите“ останува и Антонио Конте, но тренерот на Челзи најверојатно ќе се пресели во ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Винисиус го наруши молкот после дебаклот во Лондон

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор за прв пат јавно проговори за вчерашниот тежок по…