Дома Фудбал Лига на шампиони Пресврт: Бејл вечерва стартува од првата минута против Сити?

Пресврт: Бејл вечерва стартува од првата минута против Сити?

Изгледаше дека Герет Бејл скоро сигурно ќе го напушти Реал Мадрид, но сега ситуацијата се променила.

Како што објавуваат шпанските медиуми Бејл ќе добие шанса и тоа вечерва против Сити од првата минута на теренот. Велшанецот би требало да добие прилика на местото на повредениот Еден Азар кој скоро сигурно нема да игра до крајот на сезоната.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Бејл одлично играше во Лигата на шампионите во изминатите неколку години, а посебно се памети по двата гола во финалето во Лигата на шампионите во 2018 година против Ливерпул.

Оваа сезона постигна само три гола, најголема причина за таквиот учинок се повредите. Пред почетокот на сезоната Бејл беше и пред трансфер во Кина, меѓутоа на крајот преговорите со кинескиот клуб и Реал Мадрид пропаднаа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ансу Фати на позајмица во Монако

Фудбалерот на Барселона Ансу Фати денес премина на позајмица во Монако до крајот на сезона…