Доаѓањето на Маурицио Сари во Јувентус многу му одговараше на аргентинскиот напаѓач Паоло Дибала кој во текот на летото беше пред заминување од клубот, сепак на крајот остана и не погреши.
Од почетокот на сезоната Дибала постигна шест голови и запиша три асистенции. Јувентус е прв на табелата и за Дибала се оди одлично.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дибала сега за медиумите ги спореди Масимилијано Алегри и Сари.
„Начинот на кој го води тимот е поинаков. Сари поинаку го сфаќа фудбалот. За мене како и останатите напаѓачи е поинтересно. Повеќе ја чуваме топката, создаваме повеќе шанси. Таквата игра ти дозволува да пробаш нови работи на теренот без никаков страв бидејќи знаеш дека ќе имаш нова прилика. Играме напаѓачки на некои натпревари создаваме и по 20 шанси и можете да замислите што тоа значи за нас напаѓачите“, искажа задоволство Дибала.
Призна и дека се чуствува подобро отколку со Алегри.
„Сега се чуствувам како важен играч кој има почит за соиграчите и навивачите. Но, не мислам дека сум лидер, ниту пак се обидувам тоа да бидам. Лидерот мора да ја штити екипата и да шири оптимизам на теренот. Вистински лидери беа Буфон и Евра, таква е нивната природа и сите ги почитуваа без да бидат приморани на такво нешто“, изјави Аргентинецот.