Младиот фудбалер на Баер Леверкузен Флоријан Виртц е желба на Челзи и Ливерпул, пишуваат англиските медиуми.
Виртц може да игра во средниот ред, но и како крилен напаѓач и е еден од најбараните германски фудбалери.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Леверкузен нема лесно да го пушти својот „бисер“, особено поради фактот што Виртц има договор до 2027 година.
Оваа сезона Виртц на 15 настапи постигна 6 гола и запиша 9 асистенции, а интерес за него покажува и Баерн Минхен.
Двата англиски гиганти веќе работат на трансферот и се спремни дапонудат 100 милиони евра за неговиот потпис.