Дома Останати Ракомет Данска пресилна за Македонија

Данска пресилна за Македонија

Репрезентацијата на Данска ја оправда фаворитската улога и рутински славеше над Македонија со резултат 36:24.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Македонија имаше само едно водство, на почетокот кога со голот на Марко Митев поведовме со 1-0, потоа беше и 3-3, пред Данска да направи серија од 5-0 за убава предност од 8-3.

Данците водени од домашната публика ја одржуваа предноста и на полувреме заминаа со предност од 17:12.

Во второто полувреме Македонија не беше рамноправен противник, Данска постојано ја зголемуваеше предноста и на крај победи со резултат 36:24.

Најефикасен во нашите редови беше МартинСерафимов со шест гола, додека Митев и Кузмановски постигнаа по четири.

Фото: РФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

ЕХФ ѝ додели организација на Македонија на ЕП до 18 години!

Македонија доби уште една значајна организација на големо ракометно натпреварување, откако…