Дома Фудбал Англија Премиер лигата додава „сол на раната“ на „ѓаволите“: Се сеќавате на оваа контра на Руни и Роналдо? (ВИДЕО)

Премиер лигата додава „сол на раната“ на „ѓаволите“: Се сеќавате на оваа контра на Руни и Роналдо? (ВИДЕО)

Колку и да им годи на навивачите на Манчестер Јунајтед кога официјалната страна на Премиер лигата ќе ги потсети на некој гол и успех од не така далечното минато, толку таквите работи знаат да им бидат сол на раната.

Еден ден после поразот во градското дерби од Манчестер Сити (3:1), официјалната страна на Премиер лигата ги потсети на еден гол на Манчестер Јунајтед во натпреварот против Болтон одигран 17 март 2007 година.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Тогаш во Јунајтед настапуваа некои други лица, а клубот во тие години го водеше главниот збор во англискиот фудбал.

Тој гол на Манчестер Јунајтед е во режија на Кристиано Роналдо и Вејн Руни кои сами организираа фантастична контра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Голем удар за Арсенал пред четвртфиналето во ЛШ

Фудбалерот на Арсенал, Еберечи Езе, поради повреда нема да игра четири до шест недели, пре…