Дома Македонски спорт Мак фудбал Прелчец: Овој Работнички е најмалку на исто ниво со Шкупи!

Прелчец: Овој Работнички е најмалку на исто ниво со Шкупи!

Работнички одигра реми без голови против лидерот Шкендија, а денес следи дуел со второпласираниот тим на табелата, Шкупи. Напаѓачот Никола Прелчец кој во зимскиот преоден рок го засили нашиот клуб од редовите на Борец, смета дека Шкупи во моментот не е поквалитетен од сегашниот тим на Работнички. Очекува „романтичарите“ да освојат бодови на утрешното гостување.

„Секоја чест за Шкупи, тоа е тим кој се бори за самиот врв на табелата, но исто така и имаше многу промени во кадарот во текот на зимската пауза. Мислам дека во моментот Работнички е најмалку на исто рамниште по квалитет и доколку одиграме тактички мудро и ги исполниме задачите на тренерот Александар Влахо можеме да оствариме позитивен резултат“, порачува Никола Прелчец.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Натпреварот од 22.коло во Првата фудбалска лига меѓу Шкупи и Работнички е закажан за утре, со почеток во 14 часот, на комплексот на ФФМ, а ќе го суди Александар Ставрев.

Фото: ФК Работнички

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…