Фудбалерите на Ливерпул денес тренингот мораа да го завршат порано од планираното.
Англиските медиуми пренесуваат дека тренингот на „црвените“ бил прекинат бидејќи тренерот на овој клуб Јирген Клоп не се чуствувал добро. Клупските доктори веднаш биле тука да помогнат, а Клоп бил пренесен во најблиската болница. Сепак, сеуште нема информации дали ситуацијата е сериозна и што се случува.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од клубот само потврдија дека Клоп се наоѓа во болница и не сакаа да откриваат ништо повеќе.
„Нашите доктори помогнаа тој да биде пренесен во болница. Не сакаме да зборуваме за што станува збор бидејќи сеуште не сме сигурни. Веруавме дека Клоп набрзо ќе се врати. Сакаме да ја почитувате неговата приватност. Кога ќе знаеме нешто повеќе ќе ве известиме“, стои во соопштението од Ливерпул