Дома Фудбал Италија Предупредување за Конте и Марота: Научете како се работи, Интер не е Јувентус!

Предупредување за Конте и Марота: Научете како се работи, Интер не е Јувентус!

Не може да се каже дека Конте наиде на топол пречек од страна на навивачите на Интер.

Првата реакција на навивачите на Интер од пристигнувањето на Конте не е воодушевување, туку предупредување за Конте.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Тие веднаш по официјалната потврда дека Конте ќе биде нов тренер на Интер објавија официјално соопштение.

„Го задржуваме правото на сомневање затоа што Конте долго време беше дел од еден систем кој е светлосни години одалечен од моралните и сите други вредности кои се почитуваат во Интер“, стои помеѓудругото во соопштението од фановите на Интер.

Тие додаваат дека за разлика од Јувентус победата не е единственото нешто што се смета во Интер.

„Братството во Интер подразбира и некои други работи, Контe и Марота нека учат, ќе им објаснат Занети и Оријали. Никогаш клубот не смее без разлика дали победува или губи да го изгуби достоинството, ниту да бидат фрустрирани како во Торино. Ви посакуваме добра работа и се надеваме дека ќе докажете дека сте достојни за Интер“.

„Ние не сме Јувентус“, стои на крајот во соопштението.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Милан е опција за Жесус

Бразилскиот напаѓач Габриел Жесус активно бара нов предизвик, откако неговата ѕвезда во Ар…