Екипата на Ливерпул ќе се бори за трофејот во ЛШ во оваа сезона.
Црвените предводени од Јирген Клоп патот до трофејот ќе го бара преку Рома, а во четвртфиналето предводени од Мохамед Салах двапати го разбија Манчестер Сити.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Клоп е познат како голем мотиватор, а пред играчите на својот тим пред натпреварот изнесе интересен предлог.
„Имаме добар тим и на сите ни се допаѓа се што се случува околу Мохамед Салах. Пред натпреварот против Манчестер Сити застанав пред играчите и реков: ‘Ајде да излеземе голи, никој нема да не примети затоа што сите го гледаат само Мохамед Салах’“ – изјави за FourFourTwo, Јирген Клоп и додаде:
„Ништо различно нема да биде ни во Рим. Салах ќе биде тој кој сите ќе го гледаат, но ние во екипата имаме фантастична атмосфера. Останатите можеби имаат големи играчи, но ние имаме тим. Овие момци стојат еден зад друг и имаме големи шанси да направиме големи работи во иднина.“
Ливерпул со сигурност ќе тргне со сите сили кон освојување на ЛШ, трофеј за кој никој не ги сметаше за фаворити во оваа сезона.