Дома Фудбал Останато Пред шест години беа шампиони, а сега во трета лига изгубија со 19:0

Пред шест години беа шампиони, а сега во трета лига изгубија со 19:0

Со тешка судбина се соочи романскиот клуб Астра Гиурги. „Црните ѓаволи“ како што гласи прекарот на овој клуб пред неколку дена го прославија 101-роденден, но на никој во клубот не му е до славење поради тоа што се случува.

Клубот кој пред шест години беше шампион на Романија во текот на пандемијата влезе во сериозни финансиски проблеми. Фудбалерите не добиваа плати и бесплатно си заминуваа, а потоа во февруари сопственикот на клубот Лоан Николае заврши во затвор поради перење пари.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


На крајот на сезоната Астра испадна од друштвото на најдобрите, но потоа следуваше испаѓање и во третиот ранг натпреварување, а и таму на овој клуб не му оди како што треба.

Астра во третиот ранг натпреварување губи натпревари со неверојатни резултати. Вчера беа поразени со 19:0 од екипата на Арсенал Тунари и иднината на клубот воопшто не изгледа светла. Претходно имаа порази од 13:0, 10:0 и двапати по 3:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ПСЖ бара отштета од 98 милиони евра од Мбапе

Фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен тврди дека ѕвездата Килијан Мбапе треба да им исплати ошт…