Дома Фудбал Репрезентации Пред три месеци беше нивни голем навивач, а сега ќе им стане соиграч!

Пред три месеци беше нивни голем навивач, а сега ќе им стане соиграч!

brekalo hrvatska

Селекторот на репрезентацијата на Хрватска, Златко Далиќ во петокот го објави списокот на фидбалери за натпреварите во Лигата на Нации.

Хрватска во следните два натпревари во Лигата на Нации на 15.11 ќе игра против Шпанија на „Максимир“, а три дена подоцна против Англија на „Вембли“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Далиќ во тимот повика три големи надежи од репрезентацијата на Хрватска до 21 година која неодамна избори пласман на Европското првенство до 21 година.

Далиќ така го врати Дују Чалета-Сар кој беше во тимот за Мундијалот во Русија, повратник е и Никола Власиќ кој игра во фантастична форма за ЦСКА. Ново лице ќе биде 20 годишниот напаѓач на Волфсбург, Јосип Брекало.

Брекало важи за еден од најдобрите млади напаѓачи во Европа и голема надеж на хрватскиот фудбал. Далиќ ја забележи неговата работа и би можел да дебитира против Шпанија.

Освен што е одличен фудбалер, Брекало е голем навивач на репрезентацијата. Го следеше секој натпревар на Хрватска во Русија, а на друштвените мрежи се појави фотографија која воодушеви многумина.

Пред три месеци на плоштадот во Загреб ги славеше головите на Перишиќ, Модриќ, Ракитиќ и друштвото, присуствуваше и на спектакуларниот пречек, а наскоро ќе заигра заедно со нив на теренот.

Навистина неверојатна приказна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…