Животот понекогаш навистина нема смисла…
Како што утрово пренесовме капитенот на Фиорентина Давиде Астори починал во сон во својата хотелска соба и тоа е вест која не ја потресе само Италија туку и целиот фудбалски свет.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според првите информации причина за смртта на Астори е срцев удар во текот на ноќта.
Уште потажно е ота што Астори пред само две недели беше најсреќен на светот – стана татко…
Овој фудбалер кариерата ја започна во Милан, најдолго играше за Каљари, дури шест години, одигра една сезона, а од 2015 година го носи дресот на Фиорентина.
Запиша настапи и за репрезентацијата на Италија каде шво 2014 година со својот гол на оваа земја и го донесе третото место на Купот на конфедерации.