Борусија Дортмунд вчера го победи Пари Сен Жермен во првиот натпревар од двомечот во полуфиналето во ЛШ. Херој на „милионерите“ беше германскиот Никлас Филкруг кој постигна гол во 36. Минута.
Филкруг е играч кој на 31 година стигна во врвот на германскиот фудбал. Минатото лето како 30-годишник потпиша за Борусија, а сезонава има 12 гола и осум асистенции во Бундслигата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Против ПСЖ често помагаше и во одбраната на својот, а во нокаут фазата во ЛШ веќе има два важни гола. Овој против ПСЖ и претходно против Атлетико Мадрид. Кај него за истакнување и што на Мундијалот во Катар во 2022 година за првпат беше повикан во репрезентацијата на Германија и тоа на 29 години.
На Светкото првенство постигна голови против Шпанија и Костарика, додека во овој момент е еден од најважните во германскиот состав. На 15 натпревари за Германија има 11 гола и сигурно дека е прв кандидат за нападот на Германија за Европското првенство кое се игра во нивната земја.
Низ кариерата претходно имал проблеми со повреди, па така не можел да дојде до израз ниту во Нирнберг, ниту во Хановер, ниту во Вердер. Сезоната 2021/2022 коига Вердер испадна во втора лига формираше одличен тандем со Марви Дикш и постигнаа 39 гола, токму таа сезона е пресвртница во неговата кариера.
Колку го сака фудбалот најдобро зборува и една негова изјава од минатото.
„Дента кога ќе прекинам да играм професионален фудбал, ќе почнам да играм аматерски фудбал. Секогаш ќе играм фудбал зошто многу го сакам“.