Aдис Јаховиќ од кога започна трансфер периодот е мета на гласини.
Прво Јаховиќ се поврзуваше со Бешикташ, потоа се појавија и информации дека катарски клуб е заинтересиран за неговите услуги, а сега се тврди дека во завршницата од преодниот Галатасарај ќе се обиде да го доведе!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според информациите на турските медиуми, Јаховиќ е голема желба на Фатих Терим, откако не успеале во намерата да го купат Мбае Диагне од Кашимапаша.
Исто така се истакнува дека веќе некое време се воделе преговори помеѓу Коњаспор и Галатасарај. Детали за тоа колку трансферот би изнесувал не се објавуваат се уште, но познато е дека Коњаспор нема да го продаде за сума под четири милиони евра.
Потенцијалниот трансфер во Галатасарај нема сомневање дека ќе биде огромен чекор напред за македонскиот напаѓач.
Јаховиќ минатата сезона беше трет најдобар стрелец во турското првенство.