Дома Фудбал Преговорите при крај: Ова е новиот тренер на Барса!

Преговорите при крај: Ова е новиот тренер на Барса!

Италијанските медиуми откриваат дека раководството на Барселона веќе започнало преговори со актуелниот тренер на Јувентус, Масимилиано Алегри.

Имено, Каталонците се по потрага по заменик на Луис Енрике, но како што соопштија од клубот таа тема е „топ сикрет“ и името на новиот тренер ќе биде откриено по завршувањето на сезоната.


Сепак, „Премиум Спорт“ открива дека Барселона веќе стапила во контакт со Макс Алегри и започнале преговори.

Првата средба се случила во Португалија, кога Јувентус му гостуваше на Порто, а на неа присуствувале спортскиот директор Фернандез, претседателот Бартомеу и големиот пријател на Алегри, сега функционер во Барса, Ариедо Браида.

Каталонците на Алегри му понудиле тригодишен договор со плата од 8 милиони евра по сезона, а медиумите тврдат дека Италијанецот начелно ја прифатил понудата.

Иако од Јувентус постојано негираат дека ќе се разделат со Алегри, сепак тој константно се поврзува со други клубови, најпрво со Арсенал, а сега со Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Готово: Ливерпул го обезбеди првото засилување!

Џереми Фримпонг е новиот член на Ливерпул. На крајот, договорот меѓу двата клуба, како и с…