Зад Французинот Пол Погба е исклучително тежок период во кој беше суспендиран за допинг, а потоа неговата суспензија се намали од четири години на 18 месеци.
По намалувањето на казната тој ќе може да се врати на терените во март 2025 година, меѓутоа како што стојат работите тоа нема да биде во Рома.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Јувентус не сака да го задржи Погба кој е во потрага по нова средина. Доби фудбалерот за врска понуда од МЛС и Саудиска Арабија, сепак неговата желба е да остане во Европа.
Но, сега изгледа добил и таква опција. Турските медиуми објавија дека агентот на Погба бил забележан на преговори со раководството на Галатасарај.
Наводно, тие се заинтересирани да му дадат шанса на Погба кој ако влезе во потребната физичка форма сигурно би бил големо засилување за турскиот гигант.