Дома Фудбал Италија Преговорите започнаа: Алегри на кормилото на Рома

Преговорите започнаа: Алегри на кормилото на Рома

Продолжуваат шпекулациите за тренерското место во Рома. Пауло Фонсека е под притисок откако тимот забележа само една победа на првите три натпревари во Серија „А“.

Италијанските медиуми шпекулираат дека Масимилиано Алегри е главен фаворит за кормилото на „волчицата“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Кориере дело спорт“ откри дека на почетокот на оваа недела Алегри се сретнал со новите сопственици на клубот Дан и Рајан Фридкин, кои сакаат да го донесат на „Олимпико“.

Можно е Алегри да има можност да работи на „Олимпико“ во тандем со Ралф Рангник, кој се поврзува со позицијата спортски директор.

Алегри е слободен веќе една година и е спремен да го прифати предизвикот да ја предводи „волчицата“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Херојот на Реал пред неколку години барал линкови да ги гледа „кралевите“

Херој на Реал Мадрид во реванш полуфиналето од Лигата на шампионите против Баерн Минхен бе…