Дома Трансфер зона Првото засилување на Јувентус пристигна на прегледи!

Првото засилување на Јувентус пристигна на прегледи!

Од поодамна беше најавено, а денес „старата дама“ го потврди доаѓањето на младата ѕвезда на Бока Јуниорс, Родриго Бентакур.

Бентакур беше на мета на многу европски клубови, но Јувентус имаше предност да го купи играчот и се договори со аргентинскиот клуб за трансфер вреден 15 милиони евра, од кои 10 милиони веднаш, а другите како бонуси.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Старата дама“ преку својот официјален Твитер профил денес потврди дека Бентакур пристигнал на медицински прегледи во Торино и дека ќе биде првото летно засилување за италијанскиот шампион.

Талентираниот играч за врска овој јуни ќе наполни точно 20 години, а тогаш се очекува да биде и неговата официјална промоција како играч на Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…