Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Првите зборови на Ериксен од болница: Нема да се предадам!

Првите зборови на Ериксен од болница: Нема да се предадам!

Кристиан Ериксен испрати порака до фановите од болницата во Копенхаген, каде беше примен после инцидентот на мечот со Финска.

29-годишниот плејмејкер доживеа срцев удар на теренот и само брзата реакција на капитенот Кјаер и на медицинскиот тим му го спасија животот.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Ерииксен во моментов е во болница, каде се наоѓа под надзор на специјалисти и е во стабилна состојба, а дополнително ќе му бидат направени додатни испитувања.

„Благодарам на сите, нема да се предадам. Сега се чуствувам подобро, но сакам да разберам што се случи со мене. Сакам да им се заблагодарам на сите за се што сторија за мене и за силната поддршка која ја добив“, изјави Ериксен.

Според „Газета дело Спорт“ во четврток е најавено негово доаѓање на стадионот „Паркен“ за да ги бодри колегите од репрезентацијата против Белгија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Атлетико тргнува по ѕвездата на Ливерпул

Откако Трент Александер-Арнолд си замина, Ливерпул ризикува да остане и без другиот свој г…