Дома Останати Авто Мото Првиот човек на ФИА: Гледав трки во Формула 1 заедно со Шумахер

Првиот човек на ФИА: Гледав трки во Формула 1 заедно со Шумахер

Најбрзиот караван наскоро би можел да добие засилување на трибините.

На два дена пред крајот на 2019 година ќе изминат точно шест години откако можеби најдобриот возач на сите времиња, Михаел Шумахер доживеа тешка повреда на скијањето на Алпите која го остави во вегетативна состојба.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Семејство чие функционирање падна на грбот на неговата сопруга Корина се одлучи за најдобрата можна нега, но и за изолација од јавноста. Барем кога е Шумахер во прашање. Единствените информации кои во последните години доаѓаат од неговата куќа за здравствената состојба на повеќекратниот шампион во Формула 1 се од неговите пријатели кои откриваат нешто минимално поради почитта кон неговата приватност.

Сега првиот човек на ФИА, Жан Тод кој беше менаџер во Ферари во времето кога Шумахер доминираше откри дека заедно со Шуми гледал некои трки во Формула 1 на ТВ.

„Ви ја кажувам вистината кога ќе ви кажам дека со Михаел гледав трки во Формула 1 на ТВ. Се надевам дека еден ден двајцата ќе навиваме заедно на трибините на некоја трка“.

„Нема некои позначајни информации освен дека Михаел се бори секој ден да му биде подобро. Но, во строга приватност на најблискиот круг пријатели и семејството. Неговата сопруга Корина прави големи работи и на нас е да и дадеме поддршка“, изјави Тод.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …