Дома Фудбал Првиот човек на Барселона призна: Разговаравме со Интер, но…

Првиот човек на Барселона призна: Разговаравме со Интер, но…

Првиот човек на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу отворено призна дека е во преговори за трансфер на Лаутаро Мартинез, но во моментов тие се во застој.

За интересот на Барселона за аргентинскиот напаѓач постои долго време интерес, а Мартинез треба да биде долгогодишна замена за Луис Суарез.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


„Разговаравме со Интер, но во моментов преговорите се во застој. Фокусот на нашиот спортски дел е на Лигата на шампиони“, кажа Бартомеу.

Бартомеу ги демантираше и шпекулациите дека Меси би можел следното лето да замине како слободен фудбалер во Интер.

„Меси неколку пати кажа дека сака да ја заврши кариерата во Барселона и немам дилема дека ќе го продолжи договорот“, кажа првиот човек на Каталонците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул може да го продаде Конате до крајот на транферниот прозорец

Раководството на Ливерпул планира во наредните денови да даде нова понуда на Ибрахима Кона…