Дома Фудбал Германија Првиот Кинез кој потпиша за Баерн: Ваква прилика добивате само еднаш во животот!

Првиот Кинез кој потпиша за Баерн: Ваква прилика добивате само еднаш во животот!

Кинескиот голман Лиу Шаозијанг денес потпиша договор со Баерн.

18-годишниот чувар на мрежата доаѓа во кампот на Баерн од партнерскиот клуб Вухан Три Таунс и со Баерн потпиша договор до 30. јуни 2025 година.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Младиот Кинез секако беше пресреќен за потпишаниот договор.

„Голема чест ми е што сум дел од еден од најголемите клубови во светот. Ваква прилика добивате само еднаш во животот. Баерн има многу навивачи во мојата татковина. Многу сум горд и среќен“, изјави Шаозијанг.

Овој 1.9 метар висок голман до сега тренираше со У19 тимот на Баерн, повремено и со резервите. Исто така интезивно работи со голманскиот кординатор Том Старке. Посетува и часови по германски јазик за што подобро да се прилагоди на новата средина.

„Мило ми е што го доведовме првиот играч од нашиот партнерски клуб Вухан Три Таунс. Овој трансфер е реклама за нашата мрежа во Кина која ја изградивме во последните години заедно со нашите луѓе во Шангај и нашите партнери во целиот регион“, изјави извршниот директор на клубот, Оливер Кан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…