Иако Рафа Бенитез се надеваше дека ќе го доведе Елиаким Мангала од Манчестер Сити, изгледа дека овој стопер кариерата ќе ја продолжи во Евертон.
Мангала беше мета на поранешниот клуб Валенсија, каде што играше минатата година, претходно се поврзуваше и со Интер, но на крајот пролетта ќе ја помине меѓу „Карамелите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Инаку, на „Етихад“ пристигна како големо засилување за 32 милиони фунти 2014. година, меѓутоа, никогаш не се избори за место во првата постава.
Евертон отпиша еден играч, Сандро кој не се прослави и се враќа во татковината, ќе игра за Севиља. Исто така, клубот од Ливерпл преговара со Наполи за позајмица на поранешниот капитен на Ајакс, Дејви Класен.