Проблем за Жозе Мурињо на стартот од сезоната.
Тимот на Манчестер Јунајтед не ќе може да смета на услугите на Немања Матиќ на стартот од новата сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Стратегот на „црвените ѓаволи“ потврди дека Матиќ поради повреда од Мундијалот мора да оди на операција поради која ќе го пропушти почетокот на сезоната.
„Немања Матиќ мора да оди на операција. Имаше проблеми со повреда на Светското првенство. Јасно е дека нема да биде спремен за стартот на сезона, а се уште не можам да потврдам колку долго не ќе можам да сметам на неговите услуги“, изјави разочараниот Мурињо.
Засега не е познато кога Матиќ ќе се врати, но според зборовите на Мурињо нема да биде во комбинација за првиот натпревар во сезоната кој е закажан за 10-ти август.