Дома Фудбал Репрезентации Први информации за повредата на Бензема

Први информации за повредата на Бензема

Карим Бензема вчера не одигра цело полувреме против Бугарија, францускиот напаѓач се повреди на четири минути пред паузата откако се жалеше на болка во коленото по еден доскок.

Оваа повреда посебно ги загрижуваше Французите затоа што за два дена стартува Европското првенство. На местото на Бензема влезе двојниот стрелец Жиру. Новинарката на „Л’Екип“ повикувајќи се на информации од лекарскиот тим на Франција објави дека повредата не е ништо сериозно, станувало збор за мал удар и моментална болка.


Турскиот "Роналдо" го предизвикува Кристијано! ↓↓↓


Како и да е сепак ќе се почекаат комплетните лекарски прегледи за и официјално да се знае степенот на повредата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Лукаку пак промашуваше, Белгија овој пат победи🎥

Репрезентацијата на Белгија ја надигра и победи Романија со 2:0, па не очекува драматична …