Дома Останати Тенис Прва изјава на Ѓоковиќ по потврдата дека е заразен со коронавирус

Прва изјава на Ѓоковиќ по потврдата дека е заразен со коронавирус

Првиот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ денес потврди дека е позитивен на коронавирус.

Освен Новак позитивен беше тестот и на неговата сопруга Јелена, додека децата се негативни.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


После се огласи и самиот тенисер кој беше организатор на „Адрија Тур“, турнир кој се покажа како ново жариште на коронавирусот.

„Веднаш по доаѓањето во Белград отидовме на тестирање. Мојот резултат и резултатот на Јелена се позитивни. Децата се негативни. Се што правев во изминатиот месец правев од срце. Нашиот турнир беше од хуманитарен карактер со идеја да помогнеме на тенисерите од регионот и да им овозможиме услови за игра и остварување на приходи во овој тежок период. Во исто време сакавме да испратиме порака на солидарност, почит и фер-плеј. Целта беше да помогнеме да добротворните фондации“.

„Го организиравме турнирот во моменти кога верувавме дека има услови. Жалам за секој случај поединично. Ги следам упатсвата на лекарите и се надевам дека бројот на заразени нема да се зголеми“, изјави Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Се појави на Вимблдон: Дали оваа босанска убавица е новата девојка на Јаник Синер? (Фото)

Веќе подолго време се зборува дека Лејла Хасановиќ е новата партнерка на Јаник Синер, а се…