Дома Фудбал Англија Прв коментар на Фергусон за доаѓањето на Тен Хаг во Јунајтед

Прв коментар на Фергусон за доаѓањето на Тен Хаг во Јунајтед

Eрик Тен Хаг ќе биде новиот тренер на Манчестер Јунајтед од наредната, Ралф Рагник ќе ја одработи задачата до крајот на актуелната.

Од пензионирањето на Сер Алекс Фергусон Манчестер Јунајтед често менува тренери и никако не успева да се врати на старите патеки. Неуспешни епизоди во Јунајтед имаа: Дејвид Мојс, Луис Ван Гал, Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Тен Хаг кој во овој момент го води Ајакс важи за човек кој има целосна контрола над тимот, а медиумите пренесуваат дека таков бил и условот за да го преземе Манчестер Јунајтед. И легендарниот Фергусон смета дека токму тоа е нештото кое му е потребно на неговиот поранешен клуб.

„Искрено навистина се надевам дека ќе му оди добро на Тен Хаг. На Манчестер Јунајтед му е потребен човек кој ќе воспостави контрола, се надевам дека ќе успее во тоа“, кратко изјавил Фергусон за англиските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фудбалер откри низ каков пекол поминувал: За „влакно“ избегнав смрт!

Белгискиот фудбалер кој се прослави играјќи за Андерлехт и Стандард, Самуел Бастиен, го од…