Европската Суперлига доживеа тотално фијаско, сепак Саудијците имаат план поврзан со формирање на ново клупско натпреварување на светско ниво.
Некои странски медиуми, како италијанскиот Тутомеркато, пишуваат за идејата на Саудијците поврзана со формирањето на светска лига по моделот на кошаркарската НБА.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Имено, Саудијците размислуваат да формираат различни конференции ширум светот како во НБА лигата и на крајот најдобрите клубови да играат плеј-оф.
Парите не се проблем за Саудијците, а тоа е она што најмногу ги привлекува клубовите денес, а како што стојат работите и УЕФА е немоќна пред нив.
Се шпекулира за формирање на различни регионални натпреварувања, би се формирале три или четири конференции од 16 до 18 клубови, а најдобрите на крајот би се сретнале во баражот.
Најсилните клубови од Европа би имале загарантирани места, исто како, на пример, клубовите од Аргентина како Бока Јуниорс, Ривер Плата и Индипенде.
Една група секако би вклучувала арапски клубови, кои би можеле да се мешаат со одредени клубови од Стариот континент.
Се шпекулира за формирање на различни регионални натпреварувања, би се формирале три или четири конференции од 16 до 18 клубови, а најдобрите на крајот би се сретнале во баражот.
Веста доаѓа откако во последните денови започнаа шпекулациите дека клуб од Саудиска Арабија би можел да добие покана да се натпреварува во Лигата на шампионите на УЕФА.
Како што е познато, најелитното клупско натпреварување од следната сезона ќе брои 36 клуба, а се шпекулира дека Саудијците изгледа сакаат нивниот шампион да добие „вајлд-карта“.
Клубовите од земјите од арапско говорно подрачје во текот на летото играат во Арапскиот куп, кој ФИФА не го признава, но се покажа како полн погодок.
Слично нешто би можело да се случи и со формирање на глобална светска лига по примерот на НБА, со што УЕФА повеќе нема да биде центар на фудбалскиот свет.