Фиорентина потврди дека Душан Влаховиќ одбил да потпише нов договор со „виолетовите“ и на лето ќе го напушти клубот.




Влаховиќ има договор со Фиорентина до 2023 година и на лето ќе влезе во последната година од договорот, а одби да стане најплатен фудбалер во историјата на клубот.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Влаховиќ минатата сезона постигна 21 гол на 37 натпревари во Серија А и се етаблираше во еден од најдобрите млади напаѓачи во Европа, па сега сака да направи чекор напред во кариерата.




Битката за неговиот потпис веќе започна, а најголем интерес покажуваат Јувентус и Милан. „Старата дама“ има план и сака да ја повтори операцијата како со Киеза, односно двегодишна позајмица со задолжителен откуп за 60 милиони евра.




Меѓутоа, Милан во моментов е клуб со најстабилна финансиска ситуација во Италија и медиумите тврдат дека „росонерите“ се спремни да понудат 60 милиони евра за Србинот во кеш.




Милан во него гледа идеален наследник на Ибрахимовиќ, кој ја игра последната сезона во кариерата.