Дома Фудбал Останато Почина тренерот кој и донесе прва европска титула на Франција

Почина тренерот кој и донесе прва европска титула на Франција

Мишел Идалго, селекторот што ја предводеше Франција до првиот интернационален трофеј на Евро 1984 година, почина на 87 години.

Идалго од 1976 до 1984 година ги водеше „троколорите“ освојувајќи европска титула во 1984 година на ЕП во Франција. По истекот на селекторскиот мандат, четири години беше технички директор на француската репрезентација а пет години спортски директор на Марсеј.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Франција загуби една легенда. Мишел Идалго беше мозокот зад возбудливиот тим, кој стигна до полуфиналето на СП во 1982 и победи на Евро 1984. Почивај во мир и мерси за сеќавањата, Мишел“, порачаа од ФИФА.

Како фудбалер, Идалго играше за Ле Авр, Ремс и Монако, освојувајќи три титули, со Ремс во 1955 и со Монако во 1961 и 1963.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Mислел дека некој се шегува со него: Пикадо шампионот Лук Литлер избран за нејсексапиилен маж во Англија!

Британската ѕвезда во пикадо, Лук Литлер, познат по својот извонреден талент, духовитост и…