Дома Фудбал Почина таткото на Маркос Алонсо

Почина таткото на Маркос Алонсо

Почина поранешниот фудбалер Маркос Алонсо Пена, таткото на Маркос Алонсо кој моментално игра за Барселона. 

Маркос Алонсо Пена почина на 63-годишна возраст по долго и тешко боледување.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Алонсо сениор играше за Барселона од 1982 до 1987 година. Кариерата ја започна и ја заврши во Расинг Сантандер, во два наврати играше и за Атлетико Мадрид (1979/82 и 1987-89) и Логроњес.

По завршувањето на кариерата тој  работеше како тренер во Рајо Ваљекано, Севиља, Атлетико Мадрид, Сарагоса, Ваљадолид, Малага и Гранада.

Инаку неговиот син Маркос Алонсо исто така има одлична кариера и моментално е член на Барселона, каде минатото лето пристигна од Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јамал гневно реагира на скандирањата: Да се потсмеваш на религијата те прави неук и расистички настроен

Ѕвездата на Шпанија и Барселона, Ламин Јамал, ја изрази својата позиција на социјалните мр…