Во Буенос Аирес на 64 годишна возраст почина Рене Хусман, фудбалерот кој со Аргентина во 1978 година ја освои титулата светски шамоион, објави Фудбалскиот сојуз на Аргентина.
Хусман кој беше познат под прекарот „Ел Локо“ (Лудак) минатата година заврши во болница, а поголемиот дел од својот живот се бореше со алкохолизмот. Во кариерата настапуваше за Хуракан со кој стигна до титулата во аргетнинското првенство во 1973, а играше уште за Ривер Плата, Коло Коло и Индепендиенте.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
За репрезентацијата на Аргентина настапи на 55 натпревари и постигна 13 погодоци, а на Светското првенство во 1978 година ги одигра сите натпревари и постигна гол во победата против Перу од 6:0, додека четири години порано на СП во 1974 беше стрелец на три погодоци.
Беше познат како играч со тежок карактер и играч кој тренерите не го сакаа премногу, скоро сите освен легендарниот Чезаре Меноти кој го обожаваше.
„Хусман беше спој на Гариче и Марадона“, изјави Меноти.