Дома Фудбал Италија Потрес во Торино: Целата управа на Јувентус си даде оставка!

Потрес во Торино: Целата управа на Јувентус си даде оставка!

Вистински бум вечерва се случи во Италија – цело раководство на Јувентус си поднесе оставка!

На итен состанок со акционерите на клубот бордот директори вклучувајќи ги и претседателот Андреа Ањели и потпретседателот Павел Недвед си поднеле оставки.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Повеќе информации засега не се објавени и наскоро се очекуваат. Во последниот период на Јувентус почна да му оди подобро и пред зимската пауза влезе во серија од шест победи во низа во Серија А без примен гол и затоа оваа вест е изненадувачка.

Наводно се повлекуваат од функциите поради тековната истрага за финансиска малверзација. Се очекуваат повеќе информации и во однос на тоа кој ќе ги превземе нивните места.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Се подготвува најголемиот трансфер оваа зима за 90 милиони евра?

Арсенал ќе мора да плати повеќе од 90 милиони евра ако сака да ја доведе ѕвездата на Атлет…