Дома Фудбал Останато Потег за почит: Ричарлисон помогна на деца од училиште во Бразил

Потег за почит: Ричарлисон помогна на деца од училиште во Бразил

Играчот на Евертон, Ричарлисон им помогна на учениците во Бразил да одат на математичка олимпијада.

Иако добија повик да одат на олимпијада, учениците едно училиште во родното место на Ричарлисон немаа финансиски средства за да патуваат на Тајван.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сепак, откако се појавила молбата на друштвените мрежи Ричарлисон стапил во контакт со еден учител и како што пренесува „Глобо Еспорте“ ги покрил сите трошоци за ова патување.

Потегот на играчот на Евертон кој се наоѓа на припреми за Копа Америка е за секоја пофалба.

Неодамна беше забележан и моментот кога селекторот Тите го објави списокот на играчи кои ќе одат на ова натпреварување. Ричарлисон беше во друштво на своите роднини кога во живо го следеше преносот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака Камавинга

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за ѕвездата на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга. Ру…